Русија и Украина постигнале начелен договор за нова голема размена на затвореници за време на дводневните разговори во Абу Даби, соопшти денеска Владимир Медински, помошник на рускиот претседател и шеф на руската делегација на преговорите.

Медински пред новинарите во Абу Даби изјави дека за време на разговорите меѓу делегациите на Русија, САД и Украина било отворено и хуманитарното прашање. Според него, конкретните услови и параметри на договорената размена ќе бидат објавени наскоро, пренесоа руските медиуми.

-Во принцип, се согласивме за нова голема размена на затвореници, чии конкретни параметри ќе бидат објавени во блиска иднина – изјави Медински.

Преговорите меѓу руската, американската и украинската делегација завршија денеска во Абу Даби. Сите делегации го напуштија местото на состанокот во придружба на полициски возила.

Разговорите се одржаа зад затворени врати, без присуство на медиумите.

The post Русија и Украина договориле нова голема размена на затвореници appeared first on Нова Македонија.